Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Кина излезе уште посилна од короната – инвестициите со рекорден раст

Кинеските власти посочуваат дека инвеститорите ја гледаат својата земја како „безбедно пристаниште“ и дека БМВ, Сименс и ЛГ планираат големи инвестиции.

Дека Кина излегла зајакната од пандемиската криза покажува и веста за растот на странските инвестиции во таа земја, чијашто економија, како единствена меѓу големите, годинава ќе порасне за скоро два проценти.

Според официјални кинески извори, директните странски инвестиции (СДИ) во Кина пораснале за 2,5 проценти во првите девет месеци од оваа година во споредба со истиот период минатата година, и покрај пандемијата.

Во септември СДИ изнесувале 14 милијарди долари, што е раст од цели 25 проценти во споредба со септември минатата година, а инвестициите континуирано растат од април. Во октомври, растот на инвестициите бил 18 проценти. Кинеското Министерство за трговија сега смета дека инвеститорите ја гледаат нивната земја како „безбедно пристаниште“ и наведува дека компании како БМВ, Сименс, ЛГ и Тојота планираат големи инвестиции.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИ ПЛАНИРАНИТЕ РОКОВИ ЗА ГАСНИТЕ ВРСКИ – Интерконекторот со Грција се очекува во 2027, со Србија во 2028 година

ДЕСК

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ СЕ ПОКАЧИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА – Работниците во Македонија очекуваат ново зголемување, еве што предвидува законот

ДЕСК

КОЛКУ ЌЕ ВРЕДАТ ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ВО ПОНЕДЕЛНИК? – Позната курсната листа за 9 ноември, еве колку денари вредат 100 и 500 евра

ДЕСК