Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Анализа: Изборните саботажи на ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемијата

По воведување на кризна состојба во траење од 30 дена од Владата на Северна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ веднаш најде нова причина за обвинување. Овој пат, обвинувањата се повеќе на сметка на министерот за здравство, Венко Филипче, барајќи и негова оставка, отколку „традиционалните“ барања за оставка на Зоран Заев, пишува Civilmedia во својата анализа.

Контекстот се предвремените локални избори во Штип и Пласница во време на зголемен број на заболени од Ковид-19 и нивното спроведување во рамки на кризната состојба.

„И додека прогласија кризна состојба која ќе трае 30 дена, Заев, а и Филипче со него ќе тераат избори во Штип и Пласница. А само во Штип за последното денононоќие има 32 нови случаи на корона вирус“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата анализа прочитајте ја тука.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК