14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев на ТВ 21: Кога дојде време Европа да го покаже европското, тоа не се случи

„Многу ми е драго затоа што оваа моја награда од Берлин е награда за нашиот народ, народот кој донесе мудри и внимателни одлуки, постигна успеси на домашен план, пред се затворени се етнички прашања и сега зборуваме за права на граѓаните. Во последните три извештаи на ЕУ сме позитивно оценети, имаме договор со Бугарија како подлога за заедничка иднина. Покажавме европскои манири, и кога Европа требаше да го испорача европското, тоа не се случи. Затоа велам ова е пораз на ЕУ. Постојат отворени можности до декември нешто да се смени. Јас, владата, парламентот, целиот народ да продолжиме во духот на пријателство да ги градиме односите. Голема неправда е тоа што се случува и мене лично ми е жал. Но, ваквата одлука не е на Борисов и на бугарскиот народ. Да дадеме шанса и во следните денови нешто да се промени. Се остави простор до декември, кога и е замсилено да се одржи меѓувладината конференција.“- изјави премиерот Зоран Заев, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Тој дополни дека Европа е таа која треба да не мотивира да ги почитуваме европските вредности. Затоа според него државата нема друга алтернатива освен да продолжи напред, кон ЕУ.

Спонзорирано: