Centar.mk
ЛОКАЛНО

Заврши реконструкцијата на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец

Град Скопје информира дека е завршена реконструкцијата на улицата Васил Ѓоргов на потегот од улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза, една од главните сообраќајни артерии во населбата Капиштец во центарот на градот.

На улицата Васил Ѓоргов извршена е целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.000 метри, реконструкција на оштетените делови од тротоарите, заменети се оштетените рабници, како и корекции на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.

Вредноста на проектот е околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата беше завршена во предвидениот рок од 45 дена.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, најави дека во текот на следните дваесетина дена треба да почне продолжувањето на изградбата на булеварот Никола Карев, од касарната „Илинден“ до клучката со Момин Поток.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот Коњановски се обрати на завршниот настан на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“

ДЕСК

Во Битола одбележан Денот на македонските пожарникари

ДЕСК

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК