Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Владата го усвои предлог-буџетот за 2021 година

Владата, синоќа, во рамките на 19-тата седница, го утврди предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, кој ќе биде доставен во Собранието и деновиве ќе биде детаљно презентиран пред јавноста.

Владата донесе и одлука 400 компании да добијат 17,2 милиони евра, средства што се дел од третиот пакет-мерки, со цел амортизирање на ударот врз домашните погодени бизниси преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда, директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и работните места.

Висината на финансиската поддршка е 25 % од реализираната инвестиција според инвестицискиот план, но не повеќе од:
– 40.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти што оствариле вкупен приход во 2019 година не повисок од 1.000.000 евра во денарска противвредност;
– 100.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти што оствариле вкупен приход во 2019 година – од 1.000.001 евро до 10.000.000 евра во денарска противвредност;
– 140.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти што оствариле вкупен приход во 2019 година – од 10.000.001 евро до 50.000.000 евра во денарска противвредност;
– 200.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти што оствариле вкупен приход во 2019 година – од 10.000.001 евро, повеќе од 50.000.000 евра во денарска противвредност.

Детаљните информации за доделувањето на финансиската помош ќе бидат презентирани во јавноста од претставници на Владата во наредните денови.

На седницата е донесена одлука за одобрување средства од буџетот за 2020 година во износ од 77.000.000 на Општина Кичево за реконструкција на општинската зграда, како и 135.000.000 денари на Град Скопје како неповратна финансиска помош за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата од коронавирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата паѓаат по објавата на Трамп

C +

ИСОС повторно ја обедини професијата од регионот: Сметководството преминува од бројки кон влијание

C +

Телеком овозможува побрзо и поудобно патување со M-TAG 

C +