Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тлото не се смирува: По силниот попладневен земјотрес, следуваа уште два прилично силни потреси

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава,на 11.11.2020 година во 15 часот и 25 минути, регистрира уште еден земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар на 50km југозападно од Скопје. Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML5.0.

Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, Дебар и Кичево со интензитет V, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Струга, Охрид, Битола, Прилеп и околината со III-IV степени според истата скала.

Инаку после тоа следуваа уште два земјотреси на истото подрачје од 2.7 и 3.7 степени според рихтер, а врз основа на податоци од ЕМСЦ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +