23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпска: Се залагаме за спас на секое работно место и поддршка на компаниите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски. На средбата се разговараше за сите предизвици со кои се соочија туризмот и угостителството во време на пандемија на Ковид-19, поддршката од страна на Владата преку економските пакети за помош и поддршка на овие гранки кои беа први на удар на пандемијата и начините на справување, како и состојбата за нејзино времетраење.

„Туризмот и угостителството се гранките што први го почувствуваа ударот од коронавирусот со оглед на тоа дека веднаш беа затворени и најдиректно ја почувствуваа загубата како последица на пандемијата. Затоа, и Владата силно се заложи во таа насока, помош и поддршка за овие гранки како најзагрозени преку пакети економски мерки, кои значеа помош и поддршка и за компаниите, но и поддршка за работодавците за спас на секое работно место“, истакна министерката Шахпаска.

Од страна на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, беше посочена поддршката на Владата во правец на актуализација на домашниот туризам и домашните производи како одлична мерка, која ги одржа туристичките капацитети во форма изминатата летна сезона, односно недостигот на странски туристи беше надоместен со домашните.

На средбата се разговараше и за можноста за оживување на детските одморалишта во државата, односно нивно повторно враќање во кондиција за сместување и екскурзии на деца и разгледување на можните опции за поголема искористеност на националните паркови во државата преку збогатување на понудата и активностите за туристите, како планинарски тури, планински велосипедизам, зип-лајнери, но и важноста на промоција на екотуризмот. Министерката Шахпаска изрази подготвеност и поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во сите сегменти што се во надлежност на Министерството.