Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

До 20 пати поголеми глоби за загадување на животната средина

На предлог на Министерството за правда, Владата донесе одлука за зголемување на глобите за загадување на животната средина до 20 пати.

„Со предлог-законското решение за измените во Законот за прекршоците се регулира зголемување на глобите (до 20 пати поголема од сега регулираната) од областа на животната средина соодветно на причинетата штета предвидени со материјалните закони“, соопшти Владата.

Измените ги регулираат прекршоците што се однесуваат на непочитување на пропишаните стандарди од областа на животната средина, а кои се однесуваат на загадувањето на човечката средина предизвикана од човечките активности.

„Усогласувањето на прописите од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоците ќе доведе до намалување на постојните прекршочни санкции, а поради потребата од регулирање потребни стандарди со прописите од областа на животната средина, се избегнува намалувањето на висината на прекршоците од причини што е потребно заострување на казнената политика во областа на животната средина“, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК