Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Владата закажа седница во 18 часот

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 18:00 часот, преку видеоконференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 19-та седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година по скратена постапка.

На предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард и Предлог-законот за дополнување на Законот за студентскиот стандард.

Во рамки на 19-тата седница, меѓу повеќето точки од својата програма за работа и од интерес за граѓаните, Владата ќе ја разгледа и Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на овластените службени лица во шумската полиција.

За заклучоците и донесените одлуки на денешната седница на Владата, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Трајановски: Државата не е подготвена за укинување на техничката влада

C +

Жерновски: Одлуката на САД за визите е аларм- политиките за изолација скапо ја чинат Македонија

C +

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

C +