Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанка нападната од вработен на пулмологија

Во попладневните часови на 6 ноември во скопската полиција било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на Клиниката за пулмологија, бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21).

Покрај тоа, речиси во истото време, 46-годишната скопјанка А.Р. пријавила дека околу 12.45 часот на Клиниката за пулмологија, по вербална расправија со вработен во клиниката, била физички нападната од негова страна.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, сочинети се записници и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Драма кај Стара автобуска во Радовиш: 22-годишник со „кавасаки“ удрил во ѕид

ДЕСК

Ноќна акција во Струмица: Кај беровчанец пронајдени дрога, оружје, муниција и полициска опрема

ДЕСК

Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

ДЕСК