Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски на средба со министерката за култура

Претседателот Стево Пендаровски имаше средба со министерката за култура, Ирена Стефоска.

„На средбата министерката Стефоска го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности и приоритети на Министерството, за актуелната состојба во јавните установи од културата и потребата од институционални реформи со цел доследно спроведување на концептот на отворени институции. Во таа насока, беа разгледани и можностите за реализација на нови иницијативи во културата и уметностa, со коишто ќе се воспостави мост помеѓу културното наследство и современите културни практики“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Соговорниците размениле мислења и за можните начини да се помогне на сите културни работници во справување со последниците предизвикани од пандемијата на Ковид-19.

„Претседателот Пендаровски од своја страна истакна дека од голема важност, и покрај сите предизвици, е да се одржи културната интеграција и духот на творештво и креативност, преку прилагодување на културните манифестации согласно новите правила кои ги наметна пандемијата. Претседателот Пендаровски изрази поддршка за создавањето независен културен простор и негово јакнење, преку спроведување развојни културни политики, како и поддршка во унапредување на културната димпломатија, a со цел афирмација на културното наследство на нашата држава во регионот и пошироко“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +