Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Митрески: Зборуваме за факти, никој не преговара за македонскиот идентитет и јазик

Не зборуваме за допаѓање или недопаѓање, зборуваме за факти. Никаде никој ниту преговарал за нашиот идентитет, македонски, и за македонскиот јазик, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, на новинарско прашање за коментар за тоа дека од опозицијата не велат дека СДСМ разговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик, туку за бугарскиот меморандум.

Тој вели дека за СДСМ е неприфатливо да се прифати дека Македонија има бугарски корени како услов за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Митрески вели дека со Бугарија нема да се дискутира за идентитетот и јазикот.

„За идентитетот, повторувам, и јазикот нема да се дискутира. Во делот на историските факти, формирана е комисија од стручњаци коишто ќе зборуваат за факти, за историски личности и за историски настани. Тоа е работа на историчарите, не на политичарите“, рече Митрески.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК