Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи: Корона-кризата не смее да ги поткопа демократијата и човековите права

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше обраќање на тема „Ефективен одговор на кризата во јавното здравство со целосно почитување на демократијата, владеењето на правото и човековите права” на видеоконференцијата на сесијата на Комитетот на министри на Советот на Европа со кој претседава Грција, а која се одржува денеска по повод 70-годишнината од стапувањето во сила на Европската конвенција за човекови права.

,,Советот на Европа има значајна улога во помагањето на земјите членки ефикасно да одговорат на кризата предизвикана од вирусот Ковид-19, притоа осигурувајќи дека преземените мерки не ја поткопуваат заедничката заложба за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото’’, истакна Османи.

,,Советот на Европа продолжува да ја поддржува Северна Македонија, особено во контекст на подготовките за преговорите за членство во Европската Унија и во таа насока од особено значење се преземените активности како важен дел од стратешкиот триаголник на Советот на Европа: поставување стандарди -мониторинг- соработка, додека Владата на Северна Македонија е силно определена за целосно почитување на вредностите и принципите на Советот на Европа кои претставуваат патоказ за нашата земја за целосно интегрирање во Европската Унија”, додаде министерот во своето обраќање.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ: Нарушен јавен ред и мир

ДЕСК