Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на починати од Корона-19 надмина илјада лица, Филипче мора да одговара

„Црните рекорди на Филипче продолжуваат. И додека бројката на заразени се движи околу 30 проценти од бројот на тестирани во едно деноноќие, Филипче наместо да дејствува си тера пиар – носете маски“, соошти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, додека владата ја води Заев, а Филипче министерува со ресорот здравство ништо не помага.

„И додека Заев и Филипче се држат само до ‘носи маска’, државите во Европа спроведуваат многу конкретни мерки. Но, кај нас Заев и Филипче чекаат?! Така велат самите. Додека Заев и Филипче чекаат и си ги тераат бизнисите, граѓаните се оставени сами на себе. Ниту политичката Комисија за заразни болести не знае очигледно ништо повеќе од ‘носете маски’. Затоа во оваа ситуација, кога има повеќе од илјада починати лица и сме високо на листата по починати лица на милион жители, мерката е јасна – Филипче да поднесе оставка“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК