Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата удри жестоко по нарко дилерите- Пресечен меѓународен канал за шверц на дрога

На 30.10.2020 околу 20.30 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за специјални полициски операции и СВР Охрид, на подрачје на Струга, во непосредна близина на магистралниот пат А2 – Е852 (на околу два километри од ГП Ќафасан) пресекоа канал за недозволена трговија со марихуана од Р.Албанија во Република Северна Македонија и запленија 16 пакувања со вкупна нето тежина од повеќе од 15 килограми, а го приведоа Е.Х. (20) од Република Албанија. .

Против Е.Х. до ОЈО за ГОКК ќе биде поденесна кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик и во текот на денешниот ден ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК