14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Унчевски: Градиме по план, се реконструира паркинг-просторот по должината на булеварот Јане Сандански

„Локалната власт во општина Аеродорм, предводени од СДСМ, постојано вложува во унапредувањето и подобрувањето на инфраструктурата во нашата општина. Во моментот се одвива реконструкцијата на паркингот што се протега по должината на булеварот Јане Сандански, почнувајќи од училиштето ‘Ѓорѓија Пулевски’ до раскрсницата со булеварот ‘Србија’“, изјави Сашо Унчевски од ОО СДСМ Аеродром.

Заврши третата фаза од реконструкцијата на овој паркинг-простор, односно целосното асфалтирање, а во соработка со ЈП „Градски паркинг“ ќе бидат соодветно обележани паркинг-местата и ќе се постави нова вертикална и хоризонтална сигнализација за целосна безбедност на граѓаните. Исто така, ќе се изврши и целосната реконструкција на сите паркинзи и сервисни улици и тротоари на овој потег во четири фази, со вкупна површина од речиси 36 илјади квадратни метри.

„Како одговорна партија работиме во интерес на граѓаните и преземаме конкретни мерки, што носат квалитетни и видливи резултати. Во наредниот период продолжуваме посветено да вложуваме за развојот и иднината на општина Аеродром. Градиме по план во интерес на сите граѓани и ги решаваме нивните проблеми, работиме уште повеќе за да биде уште подобро“, додаде тој.

Спонзорирано: