10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ го кочеше опремувањето на болниците

Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ го кочеше опремувањето на болниците, го кочеше и носењето нови мерки за заштита од коронавирусот, обвини СДСМ.

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата на коронавирусот глуми дека се грижи за здравјето на граѓаните, се однесува неконструктивно, прави опструкции и ги критикува и кочи сите напори за справување со најголемата здравствена и економска криза што го зафати целиот свет. Ако на ВМРО-ДПМНЕ ѝ беше важно здравјето на граѓаните, немаше со недели да го кочи донесувањето на новите мерки за превенција на ширењето на смртоносниот вирус. Со одолжување на мерките, кои се исти и слични како во голем број држави, ВМРО-ДПМНЕ го загрози здравјето на сите граѓани. Ако на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ им беше важно здравјето на граѓаните, немаше преку заменик-министерката за финансии во техничката влада да го кочат заемот од Светската банка за опремување на болниците. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран“, велат од СДСМ.

Лицемерниот Мицкоски, додаваат од партијата, глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а постојано организира јавни собири, кои се опасни за јавното здравје и на кои масовно се кршат мерките за заштита од коронавирусот.

„Губитникот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доведуваат во опасност јавното здравје и не нудат конкретни решенија за надминување на здравствената криза. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не им нуди ништо, освен режим, заштита на криминалот, шпекулации и невистини и затоа ги казнија во три последователни изборни циклуси. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: