Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 287 возачи во Скопје

Полицијата вчера казнила 287 возачи во Скопје, од кои најмногу за непрописно паркирање.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 287 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење – 4 казни, 11 казни за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 за возење без возачка дозвола. Напишани се 72 казни за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со „пајак“.

Изречени се 123 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА – ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Еве што се верува во народот и кои обичаи се поврзуваат со овој ден

ДЕСК

ВИ БАРААТ УВЕРЕНИЕ ДЕКА НЕ СТЕ ОСУДУВАНИ – Каде се издава, како се добива онлајн и дали секој работодавач смее да го бара?

ДЕСК