Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прилепчанец кршел и тепал во продавница

Вчера напладне во продавница во Прилеп се случувал хаос кога маж влегол и почнал да крши, а потоа го нападнал и синот на сопственикот на продавницата.

Како што информира МВР, К.Б.(60) од Прилеп пријавил дека додека бил на своето работно место во продажен објект во Прилеп, О.М. се однесувал агресивно и се обидел физички да го нападне, оштетувајќи го инвентарот, по што пристигнал М.Б.(31), син на пријавителот, кој бил физички нападнат од О.М.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК