Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Казнети 411 возачи во Скопје, од кои 83 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 санкции, меѓу кои 83 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, 69 казни за непрописно паркирање и 61 возило подигнато со „пајак“, а 32 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +