Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за кумановец, со кокаин бил фатен во близина на болницата

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 22 октомври осомничениот 28-годишен кумановец, движејќи се во близина на влезот на Ургентниот центар во Куманово, кај себе држел 7 грама наркотична дрога кокаин во две најлонски пакувања во кутија од цигари и во паричникот. Дрогата му била пронајдена при личен претрес од страна на овластени службени лица.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решение со кое му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК – Отворени избирачките места, над 16.000 граѓани со право на глас

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Шестмина млади мажи приведени по напад врз 18-годишник

ДЕСК