Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Запленет кокаин во Кичево, приведен дилер

Во рамките на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во координација на Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи вчера во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево приведоа дилер и беа запленети над 100 грама кокаин и други предмети. На 24.10.2020 околу 20.20 часот на бул.Ослободување во Кичево полициски службеници запреле возило „цитроен“, со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Б. (38) од Кичево. При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин. И.Б. е приведен во ПС

Кичево, а во неговиот дом во Кичево е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети. Одземено е возилото “цитроен”, како и возило “порше”. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднмесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК