Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Погребан Амди Бајрам – на погребот присуствувале околу 300 луѓе

Поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам попладнево беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел.

Како што јавуваат дел од медиуми, на погребот присуствувале околу 300 луѓе кои носеле заштитни маски, но поради дождот не можеле да држат физичка дистанца.

Амди Бајрам почина вчера на 64 годишна возраст. Министерството за здравство вчера соопшти дека Бајрам бил позитивен на Ковид-19, а имал и други тешки заболувања.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКА САБОТА: Не смееме да ги правиме овие работи до полноќ

ДЕСК

Важна вест за скопјани – Посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје денеска

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК