Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Угостителски објект во Франгово работел по 23 часот

Угостителски објект во струшкото село Франгово синоќа не ја почитувал одлуката за ограничено работно време.

СВР Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера реализирал контроли по угостителските објекти, а во врска со одлуката на Владата за ограничување на работното време до 23 часот.

„Непочитување на оваа одлука е регистрирана во угостителски објект во струшкото село Франгово, сопственост на Л.Ј. од истото село“, информираа денеска од полицијата.

Против него од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат бил изготвен записник и соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ПРАЗНИКОТ ПРОВЕРЕТЕ ГО КАЛЕНДАРОТ: Еве кои неработни денови следуваат до крајот на 2026

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРЕДИЗВИК ЗА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ: Министерката Јаневска на панел дискусија во Скопје

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК