8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Премиерот Зоран Заев денеска го пречека премиерот на Косово, Aвдулах Хоти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го пречека премиерот на Република Косово, Aвдулах Хоти во рамки на официјалната посета на нашата земја.

Владината делегација на Косово предводена од премиерот Хоти, составена од заменик-претседателот на косовската Влада Дритон Селманај, министерката за надворешни работи и дијаспора Мелиза Харадинај Стубла и амбасадорот на Република Косово во земјата Ѓерѓ Дедај беше пречекана од страна на премиерот Заев, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Во рамки на посетата премиерите Заев и Хоти реализираа тет-а-тет средба и официјална средба заедно со делегациите на двете земји.

Линк до видео од официјалната посета на премиерот на Република Косово Aвдулах Хоти на Република Северна Македонија:

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК