Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Арсовски: Подготвени сме да разговараме за декриминализација на канабисот преку измени во Кривичниот законик

Отворени сме во секој момент да разговараме суштински за решенија за декриминализација и депенализација, преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

„Потребно е секако да има широка стручна дебата каде што ќе бидат вклучени сите засегнати страни, институции, граѓански здруженија, медицинската фела. Треба да се видат ефектите од користењето, понатаму системот за контролирање, како ќе се контролира и изведе ова. Ова е процес во кој неопходен е ставот на сите. Владата предложи донесување измени и дополнување на Законот за опојни дроги, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, со што ќе се поттикнат нови инвестиции и нови работни места“, изјави Арсовски.

Тој соопшти дека во овој момент одгледувањето канабис е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за одгледување канабис, издадено од Министерството за здравство, а по претходно добиена согласност од Владата.

Министерството досега има издадено 55 одобренија на фирми за одгледување канабис за медицински цели, додека 17 имаат поднесено барање кои се на повторен увид во владина процедура.

Можеби ќе ве интересира

„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

ДЕСК

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

ДЕСК

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

ДЕСК