Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во сообраќајка кај Куманово

Вчера во 10.00 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од регионален пат Куманово-Свети Николе и бул.„Трета македонско-ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(35) од с.Биљановце, Кумановско и „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(23) од Куманово.

Во незгодата С.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а Г.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата Болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +