Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Европските социјалисти бараат ЕУ до 10 ноември да ја усвои преговарачка рамка за земјава

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска учествуваше на видео состанокот на Претседателството на Партијата на европски социјалисти.

„На состанокот Северна Македонија доби силна поддршка на патот кон ЕУ. Претседателството дискутираше за потребата од што побрзо воспоставување на преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ, при што беа поддржани и апелите на Владата на Република Северна Македонија во таа насока“, се вели во соопштението.

Притоа Претседателството усвои заедничка изјава во која се вели: „Претседателството на ПЕС го повикува Советот на ЕУ да ги усвои преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија без одлагање и не подоцна од 10 ноември, и да овозможи првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ да се одржи пред крајот на 2020 година”.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

ДЕСК

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК