Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

За еден ден казнети 250 возачи во Скопје

За еден ден полицијата казнила 250 возачи во Скопје, од кои 77 за пречекорена брзина.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 250 санкции, меѓу кои 16 казни за возење без возачка дозвола, за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 77 возачи, а 18 се казнети за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Напишани се 66 казни за непрописно паркирање, 61 возило е подигнато со „пајак“ и изречени се 33 казни за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК