Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен кумановец, кој избегал од затворот во Идризово

Полицијата уапси кумановец, кој избегал од затворот во Идризово, а кој имал за доиздржување затворска казнa од речиси три години.

Според информациите на МВР, вчера во 21.45 часот, полициски службеници, врз основа на судска наредба, го привеле Ф. З. (26) од Куманово за доиздржување казна затвор од две години и 11 месеци во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.

За него била распишана потерница, а бил осуден за злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на шенгенскиот договор и за тешка телесна повреда.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уште 9 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

ДЕСК

Баритонот Ристе Велков загина во тешката сообраќајка на скопската обиколница

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас, државата не смее да биде жртва на сервилните политики на СДС

ДЕСК