Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен кумановец, кој избегал од затворот во Идризово

Полицијата уапси кумановец, кој избегал од затворот во Идризово, а кој имал за доиздржување затворска казнa од речиси три години.

Според информациите на МВР, вчера во 21.45 часот, полициски службеници, врз основа на судска наредба, го привеле Ф. З. (26) од Куманово за доиздржување казна затвор од две години и 11 месеци во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.

За него била распишана потерница, а бил осуден за злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на шенгенскиот договор и за тешка телесна повреда.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК