Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нов дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост до крајот на годината

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска изврши увид во напредокот на реконструктивниот зафат во еден од објектите на Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје.

Од МТСП информираат дека градежните работи и опремувањето почнати во септември се одвиваат со планираната динамика и ќе завршат до крајот на годинава кога во реновираните простории ќе почне со работа нов дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост на возраст помеѓу 14 и 26 години.

Капацитетот на дневниот центар ќе биде за 25 корисници.

„Во изминатите неколку години во Заводот функционира дневен центар кој обезбедува стручна поддршка и дневно згрижување за триесетина деца, млади и возрасни со интелектуална попреченост. Отворањето на вториот дневен центар ќе овозможи подобри просторни услови за стручна, индивидуална и групна, работа со корисниците, согласно со нивната возраст и личните потреби. Со тоа Министерството им излезе во пресрет на барањата и потребите на семејствата на децата со попреченост од Скопје и околината“, соопштија од Министерството.

Министерката Шахпаска најави дека ќе биде зајакнат капацитетот на институцијата за современа професионална рехабилитација на младите и лицата со интелектуална попреченост, а корисниците сместени во заводот во наредните две години ќе бидат згрижени во групни домови со поддршка во заедницата.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.