Centar.mk
БИЗНИС

Народната банка поднесе кривична пријава против одговорните лица во „Еуростандард банка“

Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје.

Како што информираат од НБРМ, кривичната се однесува на предизвикување стечај на банката.

Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложила и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

Заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумпција на невиност, во овој момент, Народната банка не споделува подетални информации.

Можеби ќе ве интересира

ОД 13 НОЕМВРИ ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНИТЕ ДЕПОЗИТИ – Објавени инструкции за клиентите на српската Алта банка

ДЕСК

ПОСТРОГИ ПРАВИЛА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ – Нови измени во Кривичниот законик

ДЕСК

ВЛАДАТА ПРЕД НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ – Се разгледува обезбедување околу 60 милиони евра

ДЕСК