26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Ако досега целите ни беа да ги оствариме стратешките цели НАТО и ЕУ, сега главната цел е борбата против корупцијата

“Многу е важно институциите да се занимаваат со крупните работи. Ние имавме низа случаи на непотизам, а досега никој не понел одговорност. Младите се разочарани во системот. Мора да ги менуваме навиките, за жал сите сме така навикнати и тешко ќе биде, зошто тоа така долго траеше. Ние бевме изолирана земја, од една фамилија. Денеска сме членки на НАТО,почнуваме преговори со ЕУ и пример сме како ги решаваме спорните прашања”, рече вицепремиерот Љупчо Николовски во вечерашната емисија Клик Плус на ТВ 21.  

Николовски најави дека се работи на обезбедување на ефикасна администрација и институции. Во борбата против корупцијата многу е важно надлежните институции да имаат добра соработка и комуникација, рече Николовски.  

“Сме утврдилке дека досега од одредени причини имале недостаток на комуникација. Делови од МВР, Царина, Финансова полиција, Управата за јавни приходи. Недозволиво е една институција да чека еден месец еден документ од друга институција. Јас само ги зголемувам капацитетите,да ја поттикнам соработката на Владата со ДКСК”, рече Николовски.