Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

332 санкционирани возачи во Скопје, од кои 109 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 332 санкции, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина на движење 109 прекршоци, 48 технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 20 мотоциклисти, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата – граѓаните живеат полошо

ДЕСК

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК