8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Почина легендарниот пејач на народна музика Боро Дрљача

На 80 годишна возраст почина легендарниот пејач на народна музика Боро Дрљача.

Пејачот беше третиран и опериран неколку пати во претходните месеци, прво поради рак на дебелото црево, а потоа и поради тромб во близина на срцето.

Роден во Босанска Крупа, Бора како млад дојде во Белград, каде што се појави на аудиција за Радио Белград и реши да стане пејач.

Издаде десетици албуми и се здоби со статус на истакнат уметник. Тој ги пееше своите хитови низ целиот свет на турнеја и призна дека му било тешко за време на војната во поранешна Југославија, кога неговите песни не беа објавувани во српските медиуми затоа што е роден во Босна и обратно.

Тој исто така се занимаваше со бокс, и се испроба пред камерите на реалноста, учествувајќи на ВИП Големиот брат во 2010 година. Бора беше исфрлен само еден ден пред финалето на шоуто.

Во првиот брак со Верица, тој имаше два сина, а потоа семејството го погоди трагедија – Верица изврши самоубиство со преголема доза на дрога. Бора се ожени повторно со Радомирка Сладиќ.