10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест за македонските граѓани кои работат во Германија

Германскиот Бундестаг одобри продолжување на така наречените Правила за Западен Балкан, според кои граѓаните на регионот и понатаму ќе можат да работат во Германија.

Граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора независно од формалните квалификации до 2023 година ќе можат да работат во Германија.

Радио Дојче веле објави дека новост е тоа што годинава се воведува квота од 25.000 луѓе.

Претходно, германската Влада соопшти дека во земјата има голема побарувачка за работна сила од Западен Балкан, посебно во градежната индустрија. Германската Сојузна агенција за труд проверува дали за постоечкото отворено место има герамански работници или работници од други земји-членки на ЕУ и дали условите за работа се исти како и за граѓаните на Германија.

Минатата година издадени се 27.259 визи во рамките на проектот „Правила за Западен Балкан”, но агенциите за вработување дали согласност за повеќе од 62.000 вработувања, а понекогаш предолго се чекало за виза.

Дојче веле наведува дека најголемата потреба за работна сила, како и претходно е во градежната индустрија, логистиката односно транспортот, како и за негователки.

Можеби ќе ве интересира

На 8 септември, Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк Вело Грин

C +

Курсна листа за 28.08.2025

ДЕСК

Септемвриското покачување на пензиите: 1.000 денари за сите – дали ќе значи подобар живот?

ДЕСК