Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанка ограбила стружанец во тоалет

Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево ја приведоа Д.С.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 27.09.2020 во 20.00 часот во угостителски објект на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје украла пари од Н.Р.(48) од с.Мороишта, Струшко.

Според пријавеното, таа во тоалетот на угостителскиот објект од Н.Р. одзела 500 евра и 3000 денари. Набргу потоа, по преземени мерки, Д.С. била пронајдена и кај неа биле пронајдени парите. Таа била лишена од слобода и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК