Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во сообраќајна несреќа кај Зајас

Синоќа, во 19.10 часот, било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај селото Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д. Б. (21) од с. Грешница, Кичевско, и патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од Б. Е. (39) од Албанија.

Во незгодата Д. Б. добила тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Г. Б. (46) добил телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полциската станица Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК