3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма на токсикологија – Семејство на пациент го нападнал дежурниот лекар, вечерва се огласи и Филипче

Попладнево бил нападнат дежурниот лекар на Токсикологија кој завршил со неколку хематоми и расекотини по телото.

Банална била причината за нападот – На родителот му било кажано дека детето што го носел на преглед било под 14 години и го упатиле на Педијатрија. По таквиот одговор дошло до напад на лекарот, кој морал да побара помош во Ургентен.

Лекарите кај повредениот лекар констатирале површен хематом кај окото, еден кај подлактицата и расекотини. По прегледот колегата го пуштиле дома.

По ова се огласи и министерот за здравство Венко Филипче, кој на социјалните мрежи го објави неговиот став:

– Денеска физички беше нападнат колега, лекар на Клиниката за токсикологија. Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство.
За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи.

Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат, напиша Филипче.

 

Напаѓачот приведен во полиција, ќе добие и кривична

Родителот кој вечерва нападна дежурен лекар на Клиниката за токсикологија е пронајден и приведен, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР за вечерашниот инцидент.

Станува збор за триесет и двегодишниот С.И. кој вечерва со своето малолетно дете бил на Токсикологија.

Спонзорирано: