Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Детали за трагичната сообраќајка на автопатот Неготино- Кавадарци: Едно лице загина, а три се повредени

Едно лице почина, а тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Неготино-Кавадарци.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во 13.50 часот возило Опел Корса со скопски регистарски таблички излетало од патот.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Во возилото кое се движело на автопатот Неготино – Кавадарци се превезувале четири лица, членови на едно семејство.

Во близина на село Прждево, од засега неутврдени причини, возилото излетало од патот, по што од здобиените повреди животот го изгубило лице на возраст од 89 години. Возачот и патниците се здобиле со повреди, а поради сериозноста на повредите едно од нив е упатено на лекување во Скопје.

Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.​

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ НИЗ СКОПЈЕ – Пет лица завршија во полиција

ДЕСК

ПИРОТЕХНИКА ПРОНАЈДЕНА КАЈ НАВИВАЧИ ПРЕД НАТПРЕВАРОТ ПЕЛИСТЕР – ТЕТЕКС – Двајца приведени

ДЕСК

НАВИВАЧИ НА „ВОЈВОДИ“ И „КОМИТИ“ НАПАДНАЛЕ ВОЗАЧ И ПОЛИЦАЕЦ – Тројца приведени кај Слепче

ДЕСК