Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Познат идентитетот на велосипедистот што загина во тешката несреќа на патот Скопје – Македонски Брод

Шеесет и петгодишен велосипедит загина во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Скопје–Македонски Брод.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 14.50 часот кај место викано „Бабин дол“, кога автомобил „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(47) од Македонски Брод, удрил во велосипедистот С.П.(65) од Македонски Брод.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Здравствена установа Македонски Брод, каде од здобиените повреди кај него била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонски Брод.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +