12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почнува санацијата на свлечиштето кај Скудриње, сообраќајот само по една лента

„Вијадукт трејд“ известува дека денеска ќе почне изведувањето грaдежни активности – санирање свлечиште на регионалниот пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње, каде што едната сообраќајна лента ќе биде затворена, регулирањето на сообраќајот ќе се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во периодот од 10 до 14 часот ќе се изврши комплетно затворање на сообраќајот за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во временски период од 45 дена.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особоно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Спонзорирано: