Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Манчевски: За време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ 70% од законите во Собранието се донесени во скртаена постапка

До 2016 година, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ 70% од законите во Собранието се донесени во скратена постапка, а во претходниот собраниски состав тој процент изнесуваше 30, истакна пратеникот на СДСМ Дамјан Манчевски, во емисијата Топ тема на Телма телевизија.

Токму поради овој процент од 70% во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ имавме проблеми со демократијата во земјата, нагласи Манчевски.

И на денешната собраниска седница на собранието, ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го блокира собранието, како во претходниот состав, кога претседателите на комисиите не свикуваа седници и со чест на исклучоци, одеа со намера за опструкција, затоа денеска немаме реформа на националниот радиодифузер, на медиумскиот простор и многу други, рече Манчевски, во дебатата на Топ тема на Телма телевизија.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +