Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

До вторник ќе бидат познати имињата на новите заменик-министри во Владата

Денеска или утре ќе бидат познати имињата на заменик-министрите во новата Влада. Ова на прес-конференција го изјави вчера првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби.

Груби најави дека ДУИ ќе има 5 заменик-министри и пет државни секретари.

„ДУИ ќе има заменик-министри во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и во Министерството за правда“, изјави Груби.

Тој рече дека позициите на директорите не се одредени, но направени се некои замени на секторите со СДСМ.

„Станува збор за замена на ресорите. На пример, АД ‘Пошта’ со МЕПСО или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со Јавното претпријатие за државни патишта. Се работи за размена на директорски позиции, со цел да бидеме попрудктивни“, изјави Груби одговарајќи на новинарски прашања.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК