Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Жбогар: Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и стратешките приоритети.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека актуелната влада не испорачува резултати. Неспособноста на власта предводена од СДСМ ја втурна Македонија во тешка финансиска криза. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување“, соопштија од партијата.

Мицкоски посочил дека се потребни сериозни ангажмани на сите институции во исполнување на европската агенда и напредок на патот кон интегрирање кон Европската Унија.

„Владата предводена од СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата“, рекол Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му се заблагодарил на ангажманот на Жбогар за неговите придонеси за европската агенда и изразил надеж дека соработката со европските пријатели и во иднина ќе продолжи.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК