Centar.mk
БИЗНИС

Министерството за земјоделство: Континуирано ја следиме состојбата со откупот на грозјето

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека континуирано ја следи состојбата со откупот на грозјето и откупните цени. Во овој период се врши берба и откуп на висококвалитетните сорти на грозје, од втората половина на месецов започнува бербата на вранецот, а при крај на месецот започнува бербата на смедеревката.

Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, со цел да има непречен откуп на грозјето.

МЗШВ изминатиот период одржа состаноци со винарските визби и со здруженијата на лозари, со цел да се најде взаемно решение за годинешната откупна цена на грозјето.

„На последниот состанок со винарниците се дадоа предлози и идеи, како да им се помогне и на лозарите и на винарците. Предложивме на партнерски основ- откупната цена да биде 11 денари за килограм вранец и 9 денари за килограм смедеревка, при што Владата ќе интервенира со четири денари субвенција, за да може да се постигнат ланските цени, односно 15 со 13 денари. Воедно, се размислува да има и субвенција за висококвалитетните сорти грозје, што би била за првпат воведена годинава“, сооопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид

ДЕСК

Николоски: Воведуваме две нови линии од Полска до Охрид, од денеска од Вроцлав, од вторник од Катовице. Растот на македонските аеродроми од 31 % е најголем во регионот

ДЕСК

ТЕШКА СОЦИЈАЛНА СЛИКА: Илјадници домаќинства зависеле од гарантирана минимална помош

ДЕСК