Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за кумановец поради дрога​

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 34-годишен кумановец за сторено кривично дело неовластено производство и продажба на дрога.

Осомничениот на 27.8.2020 година, во Куманово, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога марихуана. Тој прeвезувајќи се во возило марка „фолксваген шаран“ ја пренесувал дрогата скриена во возилото под предната хауба, до акумулаторот. Марихуаната, спакувана во едно пакување со тежина од 205,37 грама, при извршената контрола од страна на службените лица на локалниот пат Куманово-с. Арачиново, во с. Умин Дол, е пронајдена и одземена.

Поради опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово за определување на мерката притвор. Судот по спроведена постапка донесе решение со кое на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК