Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тешка сообраќајка кај Маврово – повредени шест луѓе, меѓу кои и деца

Шест луѓе, меѓу кои и две деца се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера во 14:50 часот на регионалниот пат Гостивар – Маврови Анови во близина на Мавровската крстосница. Во несреќата учествувале две возила, „опел корса“ со штипски ознаки управувано од В.М. (50) од Свети Николе и „ровер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Р. (47) од Тетово.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М.(37) и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од истото возило Р.Р.(43), констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, се вели во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +