15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Се стеснува обрачот околу Христијан Мицкоски – поголем број членови од Аеродром бараат оставка и нов конгрес (видеo)

Денес, поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Аеродром, одлучивме да ја поддржиме идејата и иницијативата за свикување на вонреден конгрес на партијата, изјави Јоаким Димулков, член на ВМРО ДПМНЕ.

– Меѓу нас има членови на општинскиот комитет, претседатели на месни комитети, како и обични активисти. Поддршката на идејата за свикување вонреден конгрес во ОК Аеродром е голема.

Партијата е во очајна состојба. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било послабо. Никогаш во историјата на партијата немало ваква разединетост, помеѓу членовите како и меѓу членовите и раководството. Ова се само дел од причините поради кои решивме јавно да проговориме и да се обидеме нашиот глас да стигне до раководството на партијата. Раководството е целосно дистанцирано од комитетите и членството, како да се затворени во стаклено звоно.

Сметаме дека одржувањето на вонреден конгрес е единствениот начин да ја спасиме партијата која е тргната кон амбис. Доколку не се превземат брзи чекори за крупни реформи и преиспитување на правецот во кој се движи партијата сметаме дека постои реална опасност партијата да западне во уште потешка криза.

Се надеваме дека оваа наша порака ќе стигне до претседателот на партијата и ке ја прифати идејата за оддржување вонреден конгрес, вели Јоаким Димулков, член на ВМРО-ДМПНЕ од Аеродром.

Спонзорирано: